Четврта по ред за шведскиот престол, принцезата Меделин, забремени од сопругот, американскиот претприемач, Кристофер О`Нил, кого го запознала во добротоворната организација World Childhood Foundation во Њујорк.
Кралската палата објави дека принцезата Маделеин своето прво дете ќе го роди во март, а оваа вест во нејзината родна земја е дочекана со големо воодушевување, иако во последно време во Шведска поддршката за монархијата е намалена.
Инаку, 31-годишната Меделин, која со сопругот живее во Њујорк, нема премногу кралски обврски, а поголемото време го поминува работејќи во добротворната организација за деца која ја основала нејзината мајка.