Мицкоски: Ахмети да каже колку стотици милиони евра добила неговата фамилија на сметка на жртвите од војната во 2001

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Драчево, прашан од новинарите ја коментираше и изјавата на Али Ахмети кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во неговиот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците во својата држава.

Мицкоски истакна дека како доброволец во 2001 година го нема тоа чуство дека Али Ахмети е победник во таа војна и дека Ахмети на украинската делегација требало да му каже и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на фамилијата на Ахмети и на луѓето кои што го опкружуваат Ахмети на сметка на луѓето кои се инвалиди кои го загубија животот во таа војна.

„Јас сум бил доброволец во Армијата и немам такво чувство дека тој е победник во таа војна, но истовремено претпоставувам им кажал и за колку стотици милиони евра е зголемено богаството на фамилијата на Ахмети и на луѓето кои што го опкружуваат Ахмети на сметка на луѓето кои се инвалиди кои го загубија животот во татковинската војна во 2001 година кога храбро се бореа македонските полициски сили и армиски сили за да го задржат суверенитетот и интегритетот на нашата Македонија и како еден вид поклон на жртвите од татковинската војна името на овој парк кај што денеска ние се наоѓаме е токму на еден таков бранител. Но добро е следен пат кога ќе дојде делегација од Украина да го прашаат колку десетици милиони евра повеќе имаат луѓето кои што го опкружуваат него и раководството на ДУИ“, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски