УНЕСКО го прогласи историскиот дел на Одеса за светско наследство во опасност

Од:

Агенцијата на Обединетите нации за култура – УНЕСКО денеска соопшти дека го прогласила Историскиот округ Одеса за светско наследство во опасност.

Британските медиуми наведуваат дека се очекува статусот да придонесе за заштита на културното наследство и да обезбеди пристап до финансиска и техничка меѓународна помош за Одеса, град во јужна Украина што постојано беше бомбардиран од Русија од февруари минатата година, кога почна конфликтот меѓу двете земји.

Во бомбардирањето во јули 2022 година, беше уништен дел од големиот стаклен покрив и прозорците на Музејот за ликовни уметности во Одеса, што беше отворен во 1899 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени