Пристигна првата реакција на украинскиот претседател Володимир Зеленски на одлуката на Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека е „искрено благодарен“ на германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Германски борбени тенкови, проширување на одбранбената поддршка и мисии за обука, зелено светло за партнерите да испратат слично оружје. Само што разговарав за овие важни одлуки со германскиот канцелар Шолц. голема благодарност до Канцеларот и до сите наши пријатели во Германија напиша Зеленски.
German main battle tanks, further broadening of defense support & training missions, green light for partners to supply similar weapons. Just heard about these important & timely decisions in a call with @OlafScholz. Sincerely grateful to the Chancellor and all our friends in 🇩🇪.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 25, 2023