Ревијалниот фудбалски натпревар по повод 22-годишнината од независноста на Македонија, каде што главни ѕвезди требаше да се политичари и новинари и поранешни фудбалски легенди, се претвори во скандал, пренесува Алмакос.
Во главната улога беше Јохан Тарчуловски, кој се приклучи на тимот на политичарите на половина на играта, без претходна најава.
Министерот и заменик министерот од ДУИ, Бесими и Бајрами во знак на револт го напуштија теренот.
„Во еден момент на теренот се појави Тарчуловски во нашиот дрес. Ова беше доволно за да го напуштиме теренот и да не бидеме дел од тимот“, изјавија Бесими и Бајрами.