Шоле го повика Курти да го прифати европскиот предлог

Од:

Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле го повика Косово да го прифати европскиот предлог за нормализација на односите со Белград, пренесе Бета.

– Разговарав со премиерот на Косово, Албин Курти за предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Србија и апелирав до Косово да го прифати, напиша Шоле на Твитер.

Тој додаде дека клучна тема на разговорот било партнерството меѓу САД и Косово и заедничката цел за подобрување на европската и евроатлантската интеграција на Косово.

Шоле додаде дека со Курти разговарал и за важноста на мултиетничкиот карактер на Косово и напредокот во разговорите за формирање Заедница на српски општини.

– Разговаравме за напредокот во разговорите за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, во контекст на дијалогот, како и за потребата претставниците на косовските Срби да се вратат на своите позиции, напиша Шоле.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Курти на почетокот на работите на патот Призрен – Тетово: Ги поврзуваме двата историски града

Алармантно кај мостот на Ибар: КФОР трупа сили

Курти до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје