Претседателот на Украина Володимир Зеленски наполни 45 години, а неговата сопруга беше една од првите која објави роденденска честитка и желби на својата страница на Твитер.
– Често ме прашуваат колку се променил оваа година. А јас секогаш одговарам: “Тој не се смени. Тој е истиот. Истиот тип што го запознав кога имавме седумнаесет години. Но, всушност, нешто се промени: тој сега се насмевнува многу помалку. На пример, како на оваа фотографија … Ти посакувам уште причини за насмевка. И знаеш што е потребно. Сите знаеме – напиша Олена Зеленска.
I am often asked about how you have changed this year. And I always answer: “He haven’t changed. He is the same. The same guy I have met when we were seventeen.”
But actually, something has changed: you smile much less now. For example, like on this photo… 1/2 pic.twitter.com/fBUFXkFCIR— Олена Зеленська (@ZelenskaUA) January 25, 2023
Таа му посака и здравје на својот сопруг.
– Доволно си тврдоглав. Но, главната работа е да имаш доволно здравје. Затоа те молам, биди здрав! Сакам да се насмевнувам околу тебе засекогаш. Дај ми ја таа шанса! – додаде таа.
Многу луѓе ја споделија нејзината честитка на социјалните мрежи и се придружија на честитките.