Ципрас бара оставка од Мицотакис

Од:

По средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, побарал оставка од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кого го нарекол „премиер на прислушувањата“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Ципрас рекол дека се сретнал со Сакеларопулу за да ја изрази неговата загриженост за „прекршувањето на владеењето на правото“, а во изјавата за медиумите по средбата посочил дека „податоците од Службата за заштита на приватност на комуникациите (АДАЕ) потврдуваат дека Националната служба за разузнавање која е во одговорност на премиерот под изговор дека станува збор за национална безбедност ја прекршила приватноста на комуникациите и прислушувал разговори на политичари, припадници на војската, новинари, раководството на вооружените сили“.

Паралелно истакнал, според АНА-МПА, дека „премиерот на прислушувањето мора да преземе одговорност и да поднесе оставка“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Најголемото оружје со кое располагаме е тоа што Грција е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје

Мицотакис: Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот

Мицотакис: Името Северна Македонија мора да се користи и внатре и надвор

Горан Наумовски

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името

Горан Наумовски

Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев

Грција: Партијата на премиерот Мицотакис освои најмногу гласови на изборите за ЕП