Муцунски на почетокот на второто полугодие: Инвестираме во современи образовни стандарди низ кои ќе создаваме здрава и едуцирана младина

Од:

Второто полугодие од оваа учебна година започна со финализирање на важни инфраструктурни и образовни проекти во општина Аеродром. Градоначалникот Tимчо Муцунски денеска го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ каде во изминатиот период заврши реконструкцијата на спортското игралиште и оспособувањето на училницата на отворено, а завршена е и дел од реконструираната фасадата на објектот.

„Радоста на дечињата за мене доволно говори за тоа дека инвестициите во образованието, односно подобрувањето на условите во основните училишта се насочени кон градење на образовен систем по модерни и современи стандарди од каде ќе излегува здрава и едуцирана младина“, истакна градоначалникот Муцунски.

Во рамки на денешната посета градоначалникот Муцунски се сретна и со „Едуино“ амбасадорите кои се предводници на дигитализацијата на образованието во општина Аеродром на кој им додели благодарници за придонесот кој тие го даваат за развојот и промоцијата на овој важен проект.

Притоа, тој упати благодарност до Андреј Крстевски кој обезбеди донација од Државната лотарија на Македонија со која се реализираше дел од оваа инвестиција и потенцираше дека Општина Аеродром во изминатиот период во континуитет инвестира, поддржува и создава услови за поквалитетен образовен процес.

„Проектите кои се насочени кон остварување на оваа цел истовремено се инвестиции во најмладите и во нивната иднина. Реконструкцијата и изградба на објектите на основните училишта во Аеродром е помеѓу клучните приоритети во програмата и во оваа насока не застануваме тука. На почетокот на второто полугодие завршуваме со реконструкцијата на веќе започнатите објекти, но почнуваме и реконструкција и изградба на уште неколку нови“, потенцираше Градоначалникот Муцунски.

Во следниот период ќе отпочнат активности за доградба на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, надградба на основното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Долно Лисиче и партерно уредување уредување осветлување на дворот на ООУ Димитар Македонски. Истовремено веќе се започнати подготовките за реализација на проектите за бесплатни таблети за учениците од 4 одделение и бесплатно пливање за првооделенците од Аеродром и учениците со попреченост, кое од оваа година наместо 4, ќе се одвива цели 6 месеци.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче