Свиња уби месар во кланица во Хонг Конг

Од:

Месар во Хонг Конг загина при обид да убие свиња, извести локалната полиција, пишува Си-Ен-Ен.

Месарот (61), кој работел во кланицата Шеунг Шуи на северот од градот, пукал во свињата со електричен пиштол.

Животното требало да се онесвести, но наеднаш ги отворило очите, станало и го соборило месарот на подoт во кланица. Месарот при падот се повредил со нож за месо и имал рана длабока 15 сантиметри.

Од здобиените повреди тој починал во болница.

Истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Одржан првиот состанок на Координативното тело за справување со африканската чума кај свињите

Завршиле в затвор поради криумчарење свинска сперма

А1он