Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд

Од:

Денеска се очекува променливо облачно време со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Во утринските часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во повисоките делови од котлината во утринските часови можно е врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во недела ќе има преодно стабилизирање на времето. Од ноќните часови кон понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, кои ќе бидат пообилни во понеделник.

Би можело да ве интересира

Денес сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Денес и утре во попладневните часови локален пороен дожд и грмежи

Најмногу дожд во Маврови Анови, најмалку во Скопје

Променливо облачно со дожд и грмежи

Следува период на дожд и грмежи