СДСМ: Успешно менаџираме со енергетската криза, сите капацитети во погон, продаваме струја

Од:

„СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски успешо менаџираат со енергетската криза. Во време на најтешка криза по втората светска војна обезбедена е сигурна испорака на струја до граѓаните и компаниите и стабилност на цената на електричната енергија. Сите капацитети во државата – трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост се во погон, за прв пат во 70 години“, велат од СДСМ.

„Електрична енергија во државата има повеќе од доволно, среде зима се продаваат вишоци струја.

Истовремено цената на електричната енергија не се зголемува.

Од 1 јануари, цената на струјата за домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува. Субвенционирани се 80 отсто од сметките за струја за домаќинствата.

Големо намалување на цената на струјата, односно 20,15 отсто има за 72.000 компании, мали потрошувачи на електрична енергија.

Одговорните енергетски мерки и политики на СДСМ даваат резултати“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна

СДСМ: Под притисок на јавноста сменета е директорката на Козле

Лефков: Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт

Кој прави полоши образовни реформи, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни овинувања

Катерина Ѓуровски