Чавушоглу: Отсуството на акција од Шведска е чист апсурд

Од:

Турскиот министер за надворешни работи, Мелвут Чавушоглу, денеска го нарече „чист апсурд“ тоа што шведскиот државен обвинител не презема ништо во врска со инцидентот во кој демонстранти обесија маскота на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на турската дипломатија истакна дека инцидентот е расистички напад, злосторство извршено од омраза.

„Шведска не треба ниту да се обидува да ја залаже Турција дека се работи за слобода на говор“, додаде Чавушоглу.

Шведскиот обвинител денеска изјави дека нема да покрене официјална истрага во врска со овој случај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски