Зеленски преживеал повеќе од 12 обиди за атентат од почетокот на руската инвазија на Украина

Од:

Директорот на ЦИА на таен состанок во Киев го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски за руски план за негов атентат непосредно пред почетокот на инвазијата во февруари минатата година. Зеленски тогаш ги добил и сите информации за нападот на неговата земја. Ова го пишува во книгата „Борбата на неговиот живот: Во Белата куќа на Џо Бајден“ на авторот Крис Випл пишува британскиот Индепендент.

Според книгата, директортот на ЦИА Вилијам Барнс бил во Киев да зборува со Зеленски кој ги отфрлаше американските предупредувања за руската инвазија. Тогаш бил предупреден и за плановите за атентат.

Во книгата со објаснување дека информацијата е од „украински безбедносни извори“ се вели и дека Зеленски преживеал најмалку 12 обиди за атентат во текот на инвазијата. Два биле спречени благодарение на американските безбедносни служби.

„Информациите беа толку детални што обезбедувањето на Зеленски спречи два руски обиди за атентат на украинскиот претседател“ пишува Випл во книгата се вели во текстот на Индепендент кој објави дека поседува копија од делото кое трба да биде објавено наскоро.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Војната ќе „заврши побрзо“ со Трамп како претседател, вели Зеленски