Абазовиќ: Едно е да се каже дека постои ризик, а друго е да има прекин на преговорите со ЕУ за Црна Гора

Од:

Едно е да се каже дека постои ризик, а друго е да има прекин на преговорите со ЕУ за Црна Гора, доколку не успее шестиот обид за комплетирање на Уставниот суд, изјави денеска премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ.

Тој ова го изјави коментирајќи ја повторената изјава на шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон дека постои голема закана да бидат прекинати преговорите на Црна Гора за членство во ЕУ.

„Едно е да се каже дека постои ризик, друго е дека тоа ќе се случи. Истото важи и за визниот режим. Лошо е што не се бира Уставен суд. Да имаше политичка коректност, таа ќе беше завршена во јули“, рече Абазовиќ.

Тој апелираше до сите политички субјекти да ја искористат можноста и да го деблокираат Уставниот суд на почетокот на февруари и да се зајакнат во евроинтеграциите, јави РТЦГ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Aбазовиќ се надева дека Црна Гора ќе добие нов претседател: Значајно би било и тоа да биде дама

А1он

Абазовиќ: Ѓукановиќ да биде подготвен на последиците доколку не го потпише Законот за Претседател

А1он

Абазовиќ: Само во Подгорица изгубивме гласови, во другите градови дури и сме наградени

А1он

Абазовиќ и Аџиќ ќе раководат со министерствата за надворешни работи и одбрана на Црна Гора

А1он

Абазовиќ поднесе иницијатива за разрешување на двајца министри

А1он

Абазовиќ покажа фотографија: Мило Ѓукановиќ со „Шкаљарци“

А1он