Ковачки: Доктор осуденик, кој нема завршено медицина дал налог да се носи во болница убиецот кој и избега на власта

Од:

Во врска со бегството на затвореникот, а како потврда дека системот е целосно распаднат и дека Македонија нема институции, споделуваме со јавноста дека попладнето во затворот работел “доктор” кој е осуденик и кој издржува казна затвор и внимавајте – истиот нема никаква врска со медицина. Ниту средно медицинско нема вели објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Значи, “доктор” затвореник дал налог да се носи друг затвореник во болница. Во племенски заедници има подобра организација на власт. Ова не е власт, ова е најтешка форма на клептократија. Малку е еден тим за корупција од САД да ни дојде. На Македонија и’ е потребен генерален ремонт. Или ќе расчистиме со бандитите во власта и во институциите, или за кратко време ќе немаме држава вели Ковачки во објава на социјалните мрежи

Би можело да ве интересира

Пандов: Судница во Идризово е правена по европски стандарди, заслужува почесто да биде користена

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Ковачки: Интерпелациите за членовите на Судскиот совет не е политичка пресметка, туку прв чекор кон демонтирање на коруптивниот систем

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Почина осуденик од затворот „Идризово“

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна