Никола Груевски доби плакета за образование

Од:

Премиерот Никола Груевски значајно придонел во високообразовната научна и културна денјност и афирмација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ поради што денеска се закити со плакета. Слично признание му беше доделено и на ректорот на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, Кина, Зонгуи Жанг.

Поводот е отворањето на кинескиот Институт „Конфуциј“ во рамките на УКИМ со поддршка на двете влади.Груевски истакна дека Македонија и Кина со години ги развиваат односите на пријателството, меѓусебно разбирање и за заемно почитување.

– По тој повод денес имам огромно задоволство да присуствувам на формирањето на Институтот „Конфуциј“ во Македонија чија цел е промоција и поддршка на изучувањето на кинескиот јазик и култура, воспоставување на наставата на кинески јазик во образовните институции, како и зајакнување на заемното разбирање и соработка меѓу граѓаните на Македонија и Кина – рече Груевски.Тој додаде дека од 2006 година средствата за образование се зголемени за 60 проценти.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование