Володин предложи конфискација на имотот на луѓето кои ги дискредитираат руските вооружени сили

Од:

Претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин предложи денеска да се конфискува имотот на луѓето кои ги дискредитираат руските вооружени сили.

„Сегашните санкции, како што се паричните казни на луѓето кои ги критикуваат акциите на руските сили во Украина, не се доволни“, наведе Володин.

Претседателот на Думата на „Телеграм“ напиша дека предлага да се воведат промени во рускиот кривичен законик, врз основа на кои ќе биде неопходно да се конфискува имотот на луѓето кои ја напуштиле Русија и кои го фалат нацизмот, објавуваат екстремистички идеи или ги дискредитираат руски вооружени сили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски