Египетската армија ликвидирала 15 екстремисти на Синај

Од:

Вкупно 15 исламистички екстремисти се убиени денеска при воздушен напад на египетските безбедносни сили на Синајскиот Полуостров, јави египетската државна телевизија.

Нападите биле извршени во местата Ал Мукати и Турну, јужно од градот Зувеид во близина на египетската граница со Појасот Газа.

Според очевидци, нападите ги извршиле два воени хеликоптери кои вкупно истрелале 13 ракети.

Воени извори соопштија дека во реоните на Ал Мукати и Турни се уште се водат борби, но одбија да дадат повеќе детали.

Ваквите информации засека не можат да бидат потврдени од независни извори.

По смената од власата на исламистичкиот египетски претседател Мохамед Морси на 3 јули, Синајскиот Полуостров стана место на постојани судири меѓу владините сили и исламистите.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро