Ракометната репрезентација на Македонија пред еден час пристигна во Краков каде во наредните денови ќе настапи на Светското првенство. Пред избраниците на селекторот Кирил Лазаров е голем предизвик, со оглед дека групата е многу квалитетна, а ривали ќе бидат селекциите на Норвешка, Холандија и на Аргентина.
Македонија првиот настап на Мундијалот ќе го има утревечер (20.30 часот) против Норвешка.
Извор: Топспорт