ОЈО со детали за вчерашното двојно убиство: Си ја убил мајката и бабата, а сакал и чичкото да го убие

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела убиство.

„При семејно насилство, во семејниот дом на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот ги убил својата мајка и баба, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Откако ги убил, ноќта меѓу 10 и 11 јануари, тој легнал да спие. Утрото на 11 јануари проверил и се осигурал дека двете жени се починати, по што се упатил кон домот на неговиот чичко со намера и него да го убие. Чичко му не бил дома, по што осомничениот отишол кај матичната лекарка и и кажал дека ги убил неговите мајка и баба“ велат од ОЈО.

Бидејќи постои опасност од бегство и опасност осомничениот да стори ново кривично дело со кое се заканува кон неговиот чичко, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски