(ВИДЕО) Петковски: НАТО и ЕУ не се посакувани дестинации на Груевски

Од:

Лидерот на НСДП, Тито Петковски, побара Груевски да собере храброст и да се извини на граѓаните на Република Македонија за срамот, како што вели, што и го нанесе на државата и на непроценливата штета на македонската демократија со црниот понеделник од 24.12.2012 година

Наместо тоа, вели Петковски, Груевски ги повикува пратениците и новинарите ако имале малку доблест требало да му се извинат на Трајко Вељаноски, само затоа што биле исфрлени од Собранието на РМ, а можеле да поминат и многу полошо.

„Амнестирајќи ги сите виновници за насилствата во Македонскиот Парламент, Груевски практично призна кој е инспираторот и наредбодателот на бруталниот чин. По дебаклот на демократијата и правната држава од 24.12.2012 година сега на сцена е деградација на институциите и македонското општество. Кажете ми Ве молам во која тоа држава Премиер на Влада може толку многу да ги понижува претставниците на народот во законодавниот дом.Ова што го прави Груевски во последните денови е само уште една силна потврда за раширеното уверување дека НАТО и ЕУ воопшто не се посакувани негови дестинации“, посочува Петковски.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

НСДП: Една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, една година лажни ветувања и изневерени очекувања

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он