Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

Од:

Хрватскиот министер за труд, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, соопшти дека од 2012 година досега се посвоени 131 дете од ДР Конго, а ниту едно семејство не било под надзор на надлежниот Центар за социјална заштита.

За актуелниот случај со апсењето четири брачни парови од Хрватска во Замбија, осомничени за можна трговија со деца, Пилетиќ објасни дека е речиси невозможно да се посвои дете во Хрватска или дека постапката трае долго.

Тој најави дека неговиот ресор во соработка со Министерството за администрација ќе започне процедура за појасна правна рамка во однос на меѓудржавното посвојување, односно посвојување деца од други земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска

Конго: Ако Руанда сака војна, ќе ја добие

А1он