Триесетина пожарникари од Сплит рано утринава гаснеле голем пожар кој избувнал околу 2:40 по полноќ во магацин за автомобилски гуми во месноста Дујмовача.
Големиот пожар е локализиран, пожарникарите се уште се на терен, а полицијата ја завршила истрагата.
Последната информација ја соопшти оперативниот центар за пожар во Сплит, пренесува хрватскиот портал Данас.
„Работиме на санација, бидејќи се работи за гуми,“, велат од VOC Split.
Пожарот е изгаснат со пет противпожарни возила.