Вагнер: Го најдовме телото на еден од двајцата исчезнати Британци

Од:

Групата Вагнер соопшти дека го пронашла телото на еден од двајцата британски доброволци кои беа прогласени за исчезнати на линијата на фронтот во источна Украина. Британската канцеларија за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) не го потврди извештајот, но додаде дека им дава поддршка на семејствата.

Во својата објава на Телеграм, Вагнер не го спомна името на починатиот, но рече дека кај него се пронајдени документи кои им припаѓаат на двајцата Британци и приложи фотографија од пасош со имињата на двајцата исчезнати Британци, Ендрју Багшо и Кристофер Пари, пишува The Guardian.

„Телото на еден од нив е пронајдено денеска. Кај него се откриени документите на двајцата Британци“, се вели во соопштението на Вагнер. Не беше наведено каде е пронајдено телото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

Вагнер планира да испрати систем за противвоздушна одбрана на Хезболах тврдат американските разузнавачи

„Вагнер“ се враќа на украинскиот фронт како официјална единица на руската гарда

Горан Наумовски

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Катерина Ѓуровски

Згаснува ли Вагнер, снимки покажуваат демонитрање камп