Група руски лекари го повикаа претседателот на Русија, Владимир Путин да престане да го мачи затворениот, критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој рече дека новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија бидејќи се измил наутро половина час порано од тоа што требало.
Во писмото, потпишано од 170 претставници на руската медицинска заедница и објавено на руската независна веб-страница Медуза, се бара да се стави крај на злоставувањето на Навални во затвор.
1/9 I did manage to earn my tenth term in the punishment cell in the last year after all. My prison goons actually bothered enough to convene their commission on the weekend of December 31 especially for me.
— Alexey Navalny (@navalny) January 9, 2023
„Не можеме и немаме право мирно да гледаме како намерно се повредува здравјето на политичарот Алексеј Навални, кој се наоѓа во поправната колонија број шест на Федералната затворска служба во Владимирската област. Од медицинска гледна точка, очигледно е дека Навални не добива доволно медицинска помош. Неговата здравствена состојба се влошува бидејќи престојува во дисциплинската ќелија“, пишуваат во писмото руските лекари.
Во серијата твитови објавени вчера од неговиот адвокат, Навални рече дека руските затворски власти го испратиле во самица по 10-ти пат откако почнал да ја отслужува казната во затворот со максимална безбедност ИК-6 во Владимирската област во Русија.
Неговиот адвокат Вадим Кобзев вели дека Навални моментално боледува од треска и кашлица. Адвокатот тврди дека тоа е резултат на неговото престојување во иста ќелија со затвореник со лоша хигиена и тешки симптоми на грип.