Во акција против „дивите“ таксити во Гостивар одземени девет возила

Од:

По контролата која заеднички ја спровеле инспектори по сообраќај од локална самоуправа и службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во текот на вчерашниот ден заеднички, девет возила биле исклучени од сообраќај и времено одземени. Целта на акцијата била проверка да се утврди кои лица ги исполнуваат условите за такси превоз, информираат од СВР Тетово.

– Деветте возила биле исклучени од сообраќај затоа што сопственици ги управувале без лиценци или без регулирана „фирмарина“. Станува збор за патнички возила, од кои некои не биле регистрирани, а биле затекнати и лица без возачка дозвола. Сите наскоро ќе се соочат со соодветни пријави, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Слична контролна акција беше спроведена и во јули кога дивите таксисти поминаа само со опомени за да ја легализираат дејноста.

Од локалната самоуправа акцијата ја образложуваат со намерата да се  воспостави поголем ред во такси превозот и да се сузбие нелојалната конкуренција и дека акциите ќе продолжат и во наредниот период. Притоа, потсетуваат дека за вршење легален такси превоз на патници, потребно е да се има регистрирана дејност, потврда од Станица за технички преглед и пријавени возачи според бројот на возила.

На подрачјето на општина Гостивар, регистрирани се над 80 фирми кои вршат такси превоз со 130 возила.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он