Сијарто: Унгарија ќе гласа против членство на Косово во европските тела

Од:

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во телата на Европска Унија додека не се постигне сеопфатен договор.

– Нашиот став е дека тоа ќе го загрози постигнувањето компромис, ако одредени европски формации го примат Косово пред да се постигне договор. И поради таа причина, Унгарија ќе гласа против членството на Косово во европските тела, истакна Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Будимпешта.

Сијарто нагласи дека, кога станува збор за Косово, Унгарија е заинтересирана за постигнување решение засновано на „вистински и реален дијалог“.

– И затоа го прифативме раководството на силите на КФОР, бидејќи мислевме дека можеби на тој начин можеме да придонесеме за обезбедување на мирот. Сакаме да се постигне компромис што е можно поскоро, наведе Сијарто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Сијарто: Неопходно е да се интензивираат напорите за постигнување мир во Украина

Горан Наумовски

Сијарто: Ударите на руска територија повлекуваат ризик од сериозна ескалација на конфликтот

Сијарто: Соработката со Кина ќе биде цврста основа за економскиот раст на Унгарија

Сијарто: Си Џинпинг ќе посети само две земји во Европската Унија

Сијарто: Не можеме да ја победиме Русија