Зголемувањето на бројот заразени со коронавирус во Кина не би требало да има „значително“ влијание врз Европа бидејќи варијантите што циркулираат таму веќе се присутни во европскиот регион, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
„Не се очекува сегашното зголемување во Кина да има значително влијание врз епидемиолошката ситуација на Ковид-19 во европскиот регион“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.
Тој ги повика европските земји да преземат само „соодветни и недискриминаторски” мерки кон патниците од Кина.
Извор: МИА