Пакистан доби девет милијарди долари финансиски обврски за закрепнување и напори за обнова по минатогодишните разорни поплави кои оставија една третина од земјата под вода и најмалку 1.700 луѓе загинаа, соопшти денеска пакистанската Влада.
Парите беа ветени на конференцијата во Женева, организирана од ОН. Пакистан проценува дека се потребни 16 милијарди долари за реконструкција и адаптација на климатските промени во текот на пет до седум години. Само Исламската банка за развој вети 4,2 милијарди долари.
Во катастрофа од толкава големина, се бара солидарно ст на светската заедница, изјави за ДПА Ахим Штајнер, раководител на Програмата за развој на ОН (УНДП), на конференцијата во Швајцарија.
– Закрепнувањето на пакистанската економија е во интерес на сите нас, рече тој, додавајќи дека неуспехот за справување со ситуацијата може да резултира со зголемена миграција и потенцијално, исто така, екстремизам и радикализација.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во меѓувреме го критикуваше повеќедеценискиот меѓународен финансиски систем, вклучувајќи ги и двојните аршини на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
– Сегашниот систем беше замислен од група богати земји. И нормално, тој во основа им користи на богатите земји, рече тој на маргините на конференцијата.
– Земјите во развој се дават во долгови и немаат пристап до финансиските ресурси што им се потребни за да можат да се справат со драматичните предизвици со кои се соочуваат. Ни треба нова архитектура на долговите, нагласи Гутереш.
Додека богатите земји можат да позајмуваат пари на пазарите со каматни стапки од три или четири проценти, сиромашните земји можат да добијат средства само со стапки од 14 отсто и повеќе, рече шефот на ОН, додавајќи дека треба да им се даде и на земјите со среден приход како Пакистан отпис на долгови доколку им се заканува несолвентност.
Пакистан оваа година доживеа топлотни бранови и разорни поплави, при што загинаа повеќе од 1.700 луѓе, а беа погодени над 33 милиони. Според Светската банка, загубите за економијата се проценуваат на 40 милијарди долари.
Економијата на Пакистан се соочува со двојна криза на дефицит на тековната сметка и фискална нерамнотежа и веќе еднаш беше спасена од ММФ, потсетува ДПА.
Извор: МИА