Два воза се судрија денеска во метрото на Мексико Сити, при што загинало најмалку едно лице, а 57 се повредени, изјави градоначалничката Клаудија Шејнбаум на прес-конференција. Машиновозачот е во тешка состојба. Уште четири лица се хоспитализирани.
„Како и секогаш, приоритет ни се жртвите и правдата ќе биде задоволена“, рече градоначалникот.
Обвинителството на Мексико Сити отвори истрага за судирот. Градското метро е еден од најпрометните системи за јавен транспорт во светот, опслужувајќи ја градската област од околу 20 милиони луѓе во густо населениот главен град.