СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не тера инает, потребна е седница на Советот на Град Скопје за загадениот воздух

Од:

„Скопје изминатите денови беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот, што директно влијае врз здравјето на луѓето. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за да го решат овој проблем“, соопшти СДСМ.

„За жал, сите Скопјани скапо ја плаќаат цената за ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска. Потребна е седница на Советот на Град Скопје посветена на мерки за загадениот воздух. ВМРО-ДПМНЕ да не тера инает туку да ги прифати мерките и предлогот на СДСМ за вонредна седница на Советот на Град Скопје. За здравјето на граѓаните се работи.

СДСМ како одговорна партија предлага итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз, воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје, зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот Буџет, финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје, чистење/миење на улиците и јавните површини со цистерни, како и безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ