„Вашингтон пост“: САД ја зајакнаа контролата врз Пакистан

Од:

Американските разузнавачки агенции кои трошат милијарди долари за надгледување на непријателот, како што е Ал Каеда и Иран, ја зајакнаа контролата и врз својот сојузник Пакистан, објави „Вашингтон пост“.

Весникот наведува дека САД го зајакнале набљудувањето на пакистанското нуклеарно оружје, врз складираното биолошко и хемиско оруже и се обидуваат да ја проценат лојалноста на пакистанските антитерористички агенти регрутирани од ЦИА.

„Вашингтон пост“ тврди дека информацијата ја добил од поранешниот аналитичар на Националната безбедноста агенција (НСА) Едвард Сноуден. Од документот може да се заклучи дека САД немаат повеќе доверба во својот сојузник и собираат разузнавачки податоци за Пакистан многу поинтензивно отколку што признаваат американските претставници.

САД во изминатите 12 години на Пакистан му даде речиси 26 милијарди долари помош за стабилизација на земјата и за соработка во борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија