Голема здравствена криза во Британија: „Знаевме дека оваа зима ќе биде една од потешките“

Од:

Британскиот премиер Риши Сунак ќе се сретне со водечките лица во англиската здравствена заштита бидејќи земјата минува низ многу тешка зима поради ширењето на грипот и Ковид-19, како и штрајкот на здравствените работници кои тврдат дека високата инфлација им ги намалила платите, јавуваат медиумите во регионот.

Возилата на брзата помош, според написите, често чекаат во редици пред болниците за да ги предадат пациентите на одделенијата за итни случаи. За тоа време, болниците се соочуваат со недостиг на кадар, поради што се принудени да отпуштат некои пациенти.

Од кабинетот на премиерот велат дека на форумот на Националната здравствена служба ќе се разговара за четири прашања, меѓу кои и организацијата на итната медицинска помош. Портпаролот на премиерот додава дека клучните цели се, да се намали притисокот врз болниците и поефикасно да се управува со NHS на долг рок.

„Затоа ги собираме најдобрите експерти од областа на здравството и социјалната заштита, со цел размена на знаења и практични решенија, се со цел да се соочиме со најважните предизвици пред нас“, рече портпаролот.

Во последниве месеци, штрајковите на работниците ширум Британија доведоа до голем број проблеми во различни сектори, вклучувајќи го и здравствениот сектор, и може да продолжат со оглед на зголемената инфлација што се појави по повеќе од една деценија стагнација на растот на платите.

Членовите на Конзервативната партија очекуваат Сунак да понуди повисоки плати на здравствениот персонал, а премиерот оваа недела изјави дека намалувањето на листата на чекање во болниците е еден од петте приоритети во 2023 година. Но, ќе биде потребно повеќе време за да се исполни наведената цел.

Во последната недела од 2022 година, повеќе од 90 проценти од креветите во болниците беа пополнети, додека 13.000 кревети дневно беа зафатени од пациенти. „Знаевме дека оваа зима ќе биде една од најтешките во историјата“, рече директорот на NHS Стивен Пауис, додавајќи дека дополнителни 7.000 кревети ќе бидат достапни до март.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година