Еден војник загина, а друг е ранет во денешната престрелка во воздухопловната база во австрискиот град Винер Нојштад, соопшти портпаролот на австриското Министерство за одбрана.
„Во касарната на воздухопловната база во Винер Нојштад, еден војник на стража загина, а друг е ранет во размена на оган што се случи утринава, нешто пред 7 часот“, објави портпаролот Михаел Бауер на Твитер.
Војникот кој бил на стража пукал за време на расправија, а потоа бил убиен од висок воен офицер.