Во Мосул на северот на Ирак се урна зграда во изградба и загинаа три лица, додека девет лица се повредени и пренесени во болница, соопшти денеска полицијата во Ниневија.
Несреќата се случила додека работниците ставале цемент на покривот, пренесува АП.
Голем дел од Мосул беше уништен во 2017 година во битките со силите на Исламската држава кои траеја со месеци.
Ирачките сили потоа извојуваа победа што беше и конечен пораз на Исламската држава во јули 2017 година.