(ВИДЕО) Зеленски: Сакаат да го искористат Божик за да го спречат нашето напредување во Донбас

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја коментираше наредбата на Путин за прекин на огнот за време на православниот Божиќ. Rускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на огнот во Украина, кој ќе трае ден и половина. Примирјето, објави Кремљ, е наредено од Путин по повод одбележувањето на Божиќ, кој православните христијани го слават во сабота.

„Сега сакаат да го искористат Божиќ како покритие за да го спречат напредувањето на нашите момци во Донбас барем на некое време и да донесат опрема, муниција и војници поблиску до нашите позиции. Што ќе постигнат? Само повеќе жртви. Сите во светот знае дека Кремљ користи примирје или затишје со цел војната повеќе да се вжешти“, рече Зеленски.

„За конфликтот да заврши што е можно поскоро, потребно е нешто сосема друго. Неопходно е граѓаните на Русија да најдат храброст и да се откажат од својот срамен страв од еден човек во Кремљ, барем 36 часа за време на Божиќ. Вашиот страв од него ја уништува вашата земја.Војната во Украина ќе заврши кога руските војници ќе заминат или ние ќе ги истераме“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски