ВМРО-Народна партија ги повикува граѓаните на Скопје да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи, како што велат, со тоа се помага да се влошува и така тешката еко-катастрофа со која се соочува нашиот град, а во исто време се зацврстува македонскиот православен идентитет.
„Граѓаните на Скопје треба да знаат дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација. Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство“ велат од ВМРО-Народна.