Синоќа во Загреб на патот Козара дошло до крвопролевање во кое 43-годишниот Горан Кнежевиќ со секира ги нападнал поранешната сопруга и едноиполгодишното дете. Како последица на нападот, бебето починало во болница во Загреб, додека мајката има сериозни физички повреди.
Кнежевиќ по нападот побегнал, а набргу починал во несреќа на загребската обиколница. На него налетал автомобил и го усмртил на лице место. Како што дознава порталот Индекс, Горан Кнежевиќ и претходно и бил познат на полицијата поради неговото проблематично однесување и грабежите, поради што бил во затвор.
Имено, тој во 2009 година бил осомничен дека ограбил две пошти и пет автомат клубови. Разбојништвата ги вршеле маскирани лица, а на вработените ќе им се заканувале со зборови, а во некои кражби користеле и пиштоли. Парите и оружјето што ги користеле никогаш не биле пронајдени.