Почина пробиштипјанец во судир на автомобил и автобус

Од:

На 2.01.2023 во 19.40 часот било пријавено дека на клучка Штип од магистралниот пат Три Чешми – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(37) од Пробиштип и автобус со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Ќ.(42) од Пехчево.

Во несреќата, од здобиените повреди починал сопатникот во патничкото возило, С.Т.(37) од Пробиштип, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Возачот М.М. се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница во Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија