Мексико со барање до САД за истрага за следењето мексикански граѓани од Агенцијата за национална безбедност

Од:

Владата на Мексико побарала од американската Влада да „спроведе детална истрага“ за податоците за следење мексикански граѓани од страна на Агенцијата за национална безбедност.

Тој став бил искажан пред американскиот амбасадор кој бил повикан на разговор во мексиканското МНР.

Мексиканските власти објавија дека се запознати со медиумските извештаи за наводна шпионажа од АНБ на САД врз мексикански граѓани.

– Владата на Мексико одлучно осудува какви било форми на следење Мексиканци бидејќи тоа е непочитување на меѓународното право. Такви активности се во спротивност со Повелбата на ОН, се вели во соопштение на мексиканското МНР.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија