Најмалку 14 мртви во напад на затвор во Мексико

Од:

Најмалку 14 лица, од кои десет чувари, се убиени во напад на затвор во Сиудад Хуарез на границата со САД, соопштија во неделата локалните власти. Најмалку 24 затвореници избегале, а четири лица се повредени, соопшти државното обвинителство на мексиканската држава Чивава.

Вооружените напаѓачи пристигнале со оклопни возила и почнале да пукаат кон чуварите. Во исто време, семејствата на затворениците чекаа да бидат пуштени во затворот на посета по повод Новата година. Нападот се случил со цел да се овозможи бегство на група затвореници, според првичните информации.

Полицијата со помош на војската уапсила четири лица. Не се знае дали станува збор за напаѓачи или за избегани затвореници. Во затворот во овој град во северно Мексико се сместени членовите на картелите Синалоа и Хуарез, кои повеќе од 15 години се борат за контрола на градот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД