Залутани куршуми испукани за време на новогодишната прослава погодиле два авиони на Middle East Airlines паркирани на меѓународниот аеродром Рафик Харири во Бејрут, соопшти денеска претставник на авиокомпанијата.
Инцидентот предизвикал мала штета на авионите, а повредени нема.
Интензивно пукање во воздух се случило околу полноќ во саботата во Бејрут и други делови на Либан, по повод одбележувањето на Новата година, и покрај постојаните предупредувања од официјални лица кон жителите, објави АП.
Пукањето во воздух е вообичаено во Либан, каде што луѓето често слават полагање испити, свадби и други видови прослави на овој начин, наведува АП.