Шефот на НАТО: Москва нема желба да ја прекине војната во Украина

Од:

Западните земји мора да бидат подготвени да обезбедат долгорочна поддршка на Украина бидејќи Русија не покажува знаци дека ќе попушти, предупреди генералниот секретар на НАТО. Јенс Столтенберг изјави за Би-Би-Си дека воената поддршка ќе обезбеди опстанок на Украина како суверена земја и ќе ја принуди Русија да седне и да преговара за крај на војната.

„Руската програма за делумна мобилизација, наредена во септември, покажа дека Москва во моментов нема желба да ја прекине војната. Украинските сили имаат моментум веќе неколку месеци, но знаеме дека Русија мобилизираше многу повеќе сили, многу од нив сега обука.

Сето ова покажува дека тие се подготвени да ја продолжат војната и да се обидат потенцијално да започнат нова офанзива. Сега мора да обезбедиме поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка, бидејќи тоа е единствениот начин да се убеди Русија дека мора да седне и да преговара со добра волја и почитување на Украина како суверена независна нација во Европа. Она што го знаеме е дека она што Украина може да го постигне на таа маса целосно зависи од силата на бојното поле“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Шефот на НАТО: Украинскиот упад во руската област Курск е легитимен

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски