Зеленски по денешните воздушни напади врз Киев и другите градови во Украина рече дека неговата земја „нема да ја прости“ руската инвазија и бомбардирање.
„Никој нема да ви прости за теророт. Никој во светот нема да ви прости за тоа. Украина нема да прости“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.
Неколку украински градови, меѓу кои и Киев, денеска беа цел на руски напади. Едно лице загина, а околу 30 се повредени.
Сопругата на претседателот Олена Зеленска ја изрази својата огорченост во порака во која рече дека „уништувањето на животите на другите е одвратна навика“.