Телото на Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар

Од:

Телото на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит, соопшти Ватикан.

Погребот ќе биде во четврток на 5 јануари.

Папата Франциск ќе ја предводи погребната служба на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти во четврток на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан.

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти денеска почина во својата резиденција во Ватикан, на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече поради нарушено здравје.

Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година.

Бенедикт ги помина своите последни години во манастирот Mater Ecclesiae внатре во Ватикан.

– Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан, се вели во соопштението на Ватикан.

Иако поранешниот папа беше болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста. Во средата, папата Франциск на неговата последна аудиенција за годинава во Ватикан повика на „посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Новите документи од Ватикан откриваат: Папата знаел за злоставуваните деца, но молчел

Горан Наумовски

Несоница довела до оставката на папата Бенедикт XVI во 2013 година

Папата Франциск на погребната церемонија го спореди починатиот Бенедикт Шеснаесетти со Исус

А1он

(ВИДЕО) Започна погребната церемонија за папата Бенедикт Шеснаесетти

Горан Наумовски

Папата Франциск со пофални зборови за почесниот папа Бенедикт, кој утре ќе биде погребан

А1он

Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во поранешната гробница на Иван Павле Втори