Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во поранешната гробница на Иван Павле Втори

Од:

Покојниот папа Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во поранешната гробница на неговиот претходник Јован Павле Втори, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Неговото последно почивалиште ќе биде во криптата на базиликата Свети Петар. Телото ќе биде однесено таму во четврток. Пред тоа, папата Франциск ќе отслужи миса за Бенедикт пред базиликата во присуство на десетици илјади верници. Бенедикт почина во саботата наутро на 95-годишна возраст.

Папата Јован Павле Втори беше погребан во криптата по неговата смрт во 2005 година. Неколку години подоцна, неговите останки беа преместени до скулптурата на Микеланџело Пиета во базиликата Свети Петар, така што неговиот гроб во криптата е празен.

Телото на Бенедикт Шеснаесетти е изложено пред главниот олтар на базиликата, каде што илјадници луѓе оддаваат почит. Вистинското име на покојниот папа е Џозеф Рацингер, роден во Баварија, а беше избран за папа во 2005 година, по смртта на Јован Павле Втори. Се откажа од папската функција во 2013 година поради лоша здравствена состојба и се повлече во манастир во Ватиканските градини.

Би можело да ве интересира

Новите документи од Ватикан откриваат: Папата знаел за злоставуваните деца, но молчел

Горан Наумовски

Несоница довела до оставката на папата Бенедикт XVI во 2013 година

Папата Франциск на погребната церемонија го спореди починатиот Бенедикт Шеснаесетти со Исус

А1он

(ВИДЕО) Започна погребната церемонија за папата Бенедикт Шеснаесетти

Горан Наумовски

Папата Франциск со пофални зборови за почесниот папа Бенедикт, кој утре ќе биде погребан

А1он

Телото на Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар