Мелони: Поранешниот папа Бенедикт беше „џин на верата и разумот“

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го нарече Бенедикт Шеснаесетти, кој почина денеска во Ватикан на 95-годишна возраст, „џин на верата и разумот“.

Таа го нарече германскиот теолог „човек со љубов кон Господ кој го стави својот живот во служба на универзалната црква и кој зборуваше и ќе продолжи да зборува со срцата и умовите на луѓето“.

– Христијанин, свештеник, теолог: голем човек кого историјата нема да го заборави. Му изразив на светиот отец Франциско дека владата и јас лично ја делиме неговата тага и тагата на целата црковна заедница, напиша Мелони во соопштение.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Љубовницата на поранешниот италијански министер во нов скандал: Поради очилата и е забранет влез во парламентот

Предраг Петровиќ

Љубовницата на поранешниот италијански министер ја прозва Мелони, и пречеа критиките од премиерката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Гримасите на италијанската премиерка во центарот на вниманието

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ

Италијанската премиерка наседна на лажен повик: Уморни сме од Украина

Предраг Петровиќ