Романските власти објавија дека контроверзниот инфлуенсер и поранешен професионален кикбоксер Ендрју Тејт бил уапсен вчера во Букурешт, пренесува Ројтерс. Тој е осомничен за трговија со луѓе, силување и формирање организирана криминална група. Тејт, заедно со неговиот брат Тристан и уште двајца романски осомничени, ќе бидат притворени 24 часа, се вели во соопштението на обвинителите од единицата за организиран криминал по претресот во нивниот дом во Букурешт.
Thank you for confirming via your email address that you have a small penis @GretaThunberg
The world was curious.
And I do agree you should get a life ❤️ https://t.co/mHmiKHjDGH pic.twitter.com/SMisajQRcf
— Andrew Tate (@Cobratate) December 28, 2022
Тејт го издаде кутија од пица. Тој пред неколку дена ја нападна Грета Тунберг, таа му одговори, а тој објави видео на кое дополнително ја навредува. но, во еден момент на видеото бара пица. Полицијата која го бара Тејтго под обвинение дека учествувал во криминална група со цел трговија со луѓе и сексуална експлоатација на жени, констатирала дека се работи за пицерија во Букурешт.
Andrew Tate and his brother being taken into custody by Romanian authorities. pic.twitter.com/0jHoJDIkY6
— Alejandra Caraballo (@Esqueer_) December 29, 2022
Браќата Тејт се под истрага од април. „Изгледа дека четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутира и искористува жени, принудувајќи ги да создаваат порнографска содржина наменета за гледање на специјализирани веб-страници за одреден надомест се наведува во соопштението од обвинителството.
Обвинителите соопштија дека пронашле шест жени кои биле сексуално експлоатирани од осомничените.
Тејт славата ја стекна преку социјалните мрежи најмногу поради говорот на омраза и бројните мизогински изјави. Меѓу другото, тој рече дека жените се делумно одговорни за силувањето и дека им припаѓаат на мажите (затоа му беше забранет пристапот на Твитер, на кој Илон Маск оттогаш го врати).
„Сексуалното вознемирување е одвратно и неоправдано. Меѓутоа, кога мажот ќе ве погледне или ќе ве исвиркува или ќе ве праша како се викате, тоа не е вознемирување. Жените даваат секс во замена за можности многу долго време. Тие го прават тоа и тие не се злоупотребени пишуваше Тејт на Твитер, но тие твитови се избришани..