Најмалку осум лица загинаа во стампедо на политички митинг во Индија

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а тројца се повредени во стампедо на политички митинг во јужната индиска држава Андра Прадеш, објави „Индепендент“.

Неколку илјади политички симпатизери се собраа на митингот на кој во среда требаше да се обрати поранешниот главен министер на државата Чандрабабу Наиду.

Метежот започна кога луѓето почнаа да се туркаат за да го видат лидерот на опозицијата и неговиот конвој како пристигнуваат на митингот. Поради налетот на голем број луѓе, бетонската ограда пукнала и најмалку 20 лица паднале во одводниот канал. Иако каналот не бил длабок, луѓето се превртеле, што довело до задушување и повреди.

Членовите на партијата на Наиду, телугуската Десам партија (ТДП), веднаш притрчаа да ги спасат жртвите, но две лица загинаа на лице место, соопшти локалната полиција. Останатите биле пренесени во блиската болница, но уште шест лица починале малку подоцна поради тежината на повредите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати